Mg-Tattoo Studio
Мени

Добредојдовте во MG Tattoo & Piercing Студио

Добредојдовте во MG Tattoo & Piercing Студио

Добредојдовте во MG Tattoo & Piercing Студио

Добредојдовте во MG Tattoo & Piercing Студио

За нас


Нашата креација, талент, уметност и професионалност, минатата 2013 година ја потврдивме со отварање на едно модерно студио за тетовирање кое ги прати сите светски стандарди и правила за тетовирање и пирсинг. Виновник за постоењето на овој нов бренд е главниот тату артист и сопственик на ова студио, Горан Миќиќ, по чии иницијали MG Tattoo&Piercing Studio го доби своето име. Нашата цел е секоја направена тетоважа во себе да носи белег и препознатливост на ова студио. Отворени сме за споделување на идеи, консултации и помош пред желбата на клиентите да ја претвориме во едно уметничо дело на нивното тело. За нашиот квалитет и професионалност говорат повеќе од илјадници задоволни клиенти. Нашата мисија е секоја година овој број да го зголемуваме двократно.

Тетоважите кои се изработуваат во нашето студио се исклучително трајни. За изработување на истите се користат високо квалитетни, стерилни материјали и бои, соодветни за секаков тип на кожа. Местото за поставување на истите за нас не претставува никаков проблем, ги изработуваме на било кој дел од телото.

Што се однесува за пирсингот, користиме исто така стерилна опрема. Исто како и тетоважите и пирсингот го поставуваме на било кое место од телото, во зависност од желбата на клиентот.

Тимот од MG Tattoo&Piercing Studio е отворен за соработка со секој љубител на украсување на телото. Доколку се одлучите вашето тело да го краси нова тетоважа или пирсинг, посетете не и сами ќе се уверите зошто се разликуваме од другите.

Ве очекуваме :)

2_1

Артист


Горан Миќиќ

Горан Миќиќ е роден на 02.09.1990 година во Скопје. По завршувањето на основното училиште, своето образование го продолжува во Средното Уметничко Училиште “Лазар Личеноски”, во Скопје. За време на своето средно образование почнува аматерски да се занимава со тетовирањето, се до 2009 година кога одлучува сам да отвори свое студио за тетовирање под името “Скул Инк”. Во своите почетоци постојано заминува за Чешка каде што го доусовршува својот талент и знаење. Две години подоцна, во соработка со уште еден тату мајстор решава да оформи нов бренд “Темпл оф инк”, под чие има беше неодамна познат. За време на овие години пробивање на тату сцената учествува и добива голем број на награди и признанија за неговата работа и уметност. Од септември минатата 2013 година, неговото искуство и талент решава да спакува во нешто ново, стилско и модерно, студиото за тетовирање и пирсинг MG Tattoo&Piercing Studio. Како сопственик и артист во своето студио учествува на многубројни конвенции и натрпевари во Македонија и надвор од неа и се здобива со признанија и награди од врни светски уметници.

2_1

Прашања


Одговор на сите прашања дава Тату Артистот Горан Миќиќ.
Доколку има прашање чиј одговор не можете да го пронајдете на нашата веб страна, Ве молиме контактирајте не или испратете го на нашата е-маил адреса…

Дали постои категорија на луѓе за кои тетовирањето не е препорачливо ?

Секако дека постои. Прва група на луѓе за кои не само што не се препорачува, туку може да се каже дека тетовирањето е строго забрането, се луѓето со болести на крвта и крвните садови, луѓето болни од епилепсија и дијабетес. За оваа група на луѓе неопходна е предходна консултација со доктор за стадиумот на нивната болест. Друга категорија на луѓе се бремените жени како и малолетните лица. За тетовирање на лица помлади од 18 години, нашето студио строго бара дозвола од родител или старател. Исто така забрането е и тетовирање на луѓе под дејство на алкохол, наркотични и психотропни супстанци.

Дали постои ризик од можни заболувања при тетовирање?

Опремата со која се работи е строго стерилна и за една употреба. Хигената во нашето студио исто така е на високо ниво, така што ризик од можни заболувања на постои, освен малиот оток и рана кои се добиваат како резултат на неколку часовното цртање по телото, кои поминуваат за неполна недела.

Дали постои дел од телото на кој тетовирањето не е возможно?

Тетовирањето може да се изведе на било кој дел од телото, во зависност од желбата на клиентот. Разликата е во тоа што некои делови од телото сами ја одбиваат бојата после одреден период и потребна е дополнителна корекција.

Дали тетовирањето боли?

Мерило за болка не постои. За некои може да е болно, а други често пати депилацијата ја наведуваат како поболен чин од тетовирањето. Точен одговор на ова не постои, се е индивидуално.

После колку време тетоважата заздравува?

Со правилна и навремена нега тетоважата ќе заздрави во периодот од недела до две во зависност од нејзината големина. После тетовирањето таа станува како една тврда корупка која постепено почнува да се лупи и заздравува.

Која е постапката за нега на штотуку направената тетоважа?

По завршетекот на тетовирањето, тетоважата се обложува со заштитна фолија. Заштитната фолија може да ја извадите после 2 часа и веднаш тетоважата да ја измиете со антибактериски сапун и млака вода. Постапката започнува со правење сапуница, нанесување на сапуницата врз тетоважата и на крај плакнење со млака вода. После измивањето тетоважата треба нежно да се брише (со натапкување) и да се премачка со маст. Не смее да се дозволи тетоважата да остане целосно сува.

Кои масти треба да се користат после тетовирање?

За правилно заздравување на тетоважата потребно е нејзино премачкување со посебни масти. Масти кои можат да се користат:

  • Вазелин со невен и д-пантенол
  • Пантенол
  • Пантексол маст
Што не треба да се прави додека тетоважата не заздрави целосно?

Постојат неколку работи кои не треба да се прават се додека тетоважата не заздрави. Препорачливо е секој да се придржува до истите се со цел тетоважата побрзо да заздрави и да се одбегнат било какви непријатности и инфекции.
Забрането е:

  • Чешање
  • Капење во базени, реки, мориња, езера
  • Чистење со алкохол
  • Сончање и солариум
  • Покривање со гази, најлони
  • Допирање со нечисти раце
  • Насилно лупење
  • Слушање совети од други “Мајстори”
Што откако тетоважата ќе заздрави. Дали постои некаква посебна нега?

Специјална нега која треба да се применува врз заздравената тетоважата не постои. Тетоважата треба да се третира исто како и останатиот дел од телото. После бањање или туширање да се користи млеко за тело со витамин Е, за време на сончевите периоди, а посебно кога директно сте изложени на сонце (на плажа) потребна е нега, мачкање на тетоважата како и на целото тело со крема со заштитен фактор 30 или повеќе.

Контакт

Адреса: Илинденска, бр.60

Телефон 1: +389 77 768 359

Телефон 2: +389 78 403 285

Е-маил: mgtattoopiercing@gmail.com


Форма за контакт