Мени
iiiiii

Прашања


Одговор на сите прашања дава Тату Артистот Горан Миќиќ.
Доколку има прашање чиј одговор не можете да го пронајдете на нашата веб страна, Ве молиме контактирајте не или испратете го на нашата е-маил адреса…

Дали постои категорија на луѓе за кои тетовирањето не е препорачливо ?

Секако дека постои. Прва група на луѓе за кои не само што не се препорачува, туку може да се каже дека тетовирањето е строго забрането, се луѓето со болести на крвта и крвните садови, луѓето болни од епилепсија и дијабетес. За оваа група на луѓе неопходна е предходна консултација со доктор за стадиумот на нивната болест. Друга категорија на луѓе се бремените жени како и малолетните лица. За тетовирање на лица помлади од 18 години, нашето студио строго бара дозвола од родител или старател. Исто така забрането е и тетовирање на луѓе под дејство на алкохол, наркотични и психотропни супстанци.

Дали постои ризик од можни заболувања при тетовирање?

Опремата со која се работи е строго стерилна и за една употреба. Хигената во нашето студио исто така е на високо ниво, така што ризик од можни заболувања на постои, освен малиот оток и рана кои се добиваат како резултат на неколку часовното цртање по телото, кои поминуваат за неполна недела.

Дали постои дел од телото на кој тетовирањето не е возможно?

Тетовирањето може да се изведе на било кој дел од телото, во зависност од желбата на клиентот. Разликата е во тоа што некои делови од телото сами ја одбиваат бојата после одреден период и потребна е дополнителна корекција.

Дали тетовирањето боли?

Мерило за болка не постои. За некои може да е болно, а други често пати депилацијата ја наведуваат како поболен чин од тетовирањето. Точен одговор на ова не постои, се е индивидуално.

После колку време тетоважата заздравува?

Со правилна и навремена нега тетоважата ќе заздрави во периодот од недела до две во зависност од нејзината големина. После тетовирањето таа станува како една тврда корупка која постепено почнува да се лупи и заздравува.

Која е постапката за нега на штотуку направената тетоважа?

По завршетекот на тетовирањето, тетоважата се обложува со заштитна фолија. Заштитната фолија може да ја извадите после 2 часа и веднаш тетоважата да ја измиете со антибактериски сапун и млака вода. Постапката започнува со правење сапуница, нанесување на сапуницата врз тетоважата и на крај плакнење со млака вода. После измивањето тетоважата треба нежно да се брише (со натапкување) и да се премачка со маст. Не смее да се дозволи тетоважата да остане целосно сува.

Кои масти треба да се користат после тетовирање?

За правилно заздравување на тетоважата потребно е нејзино премачкување со посебни масти. Масти кои можат да се користат:

  • Вазелин со невен и д-пантенол
  • Пантенол
  • Пантексол маст
Што не треба да се прави додека тетоважата не заздрави целосно?

Постојат неколку работи кои не треба да се прават се додека тетоважата не заздрави. Препорачливо е секој да се придржува до истите се со цел тетоважата побрзо да заздрави и да се одбегнат било какви непријатности и инфекции.
Забрането е:

  • Чешање
  • Капење во базени, реки, мориња, езера
  • Чистење со алкохол
  • Сончање и солариум
  • Покривање со гази, најлони
  • Допирање со нечисти раце
  • Насилно лупење
  • Слушање совети од други “Мајстори”
Што откако тетоважата ќе заздрави. Дали постои некаква посебна нега?

Специјална нега која треба да се применува врз заздравената тетоважата не постои. Тетоважата треба да се третира исто како и останатиот дел од телото. После бањање или туширање да се користи млеко за тело со витамин Е, за време на сончевите периоди, а посебно кога директно сте изложени на сонце (на плажа) потребна е нега, мачкање на тетоважата како и на целото тело со крема со заштитен фактор 30 или повеќе.